Телефонски разговор Ципрас - Меркел за прашањето за името
Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, а една од темите било и прашањето со името, соопштуваат од кабинетот на Ципрас
„Двајцата лидери разговараа за текот на разговорите за прашањето за името на ПЈРМ, провокативната воздухопловна активност на Турција во Егејското море и евро-турските односи“, се наведува во кусото соопштение од кабинетот на грчкиот премиер, јавува дописникот на МИА од Атина.
Грчката телевизија Скај, повикувајќи се на свои извори, објави дека „Ципрас на Меркел и ја потенцирал потребата за конечно решение во спорот, со промена на уставното име на соседната земја“. Според истите извори, грчкиот премиер и германската канцеларка се договориле да се сретнат во петок во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.
Телефонскиот разговор Ципрас – Меркел доаѓа на само еден ден пред посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра