Бизнис
22. October 2021 - 20:12

Текстилот не е подготвен за повисоки минимални плати

Бран отпушатања и затворање на фабриките ако минималецот се зголеми на 18.000 денари. Од тексилната индустија , каде најчесто се исплаќаат мининимални плати, велат дека сега не е момент за покачување. И порачаа на Владата да не брза со ваквата мерка, за да не биде состојбата уште покритична.

-Платата треба да се покачи со тек на време, но во моментов ситуацијата е доста критична и покачувањето може да предизвика влошување. Владата не треба да брза со покачувањето. Ќе ја следиме ситуацијата, и ако се подобрат условите, ќе може да се зборува за повиска плата, но сега не, изјави Наташа Сивевска Текстилно трговско здружение Текстилен кластер.

Зголемените трошоци за живот го осиромашуваат стандардот на текстилните работници. Но, бидејќи фабриките работат со преполовен капацитет поради намалените нарачки – работодавачите немаат пари за да им исплатат повисоки плати.

-Компаниите не се спремни во овој момент да ги зголемат платите. Треба да се посвети внимание на трошокот кој ќе произлезе од зголемувањето.   Работниците треба да земаат повисока плата, но на начин на кој сите ќе добијат, ние ќе имаме повеќе нарачки, работниците ќе земат повиски плати, ќе добиеме задоволни работници и ќе бидеме по конкурентни, изјави Љупка  Џамбазоска Миладинова, сопственик на текстилна фабрика. 

Од власта во предизборието порачаа дека до крајот на годината минималецот ќе порасне на 18.000 денари. 

И додека животот станува се поскап, се зголемува и просечната плата. Државната статистика објави дека во август е зголемена за 102 денари во споредба со јули и достигна 28.642 денари. Текстилците се на дното на листата, со најнсики примања, а програмерите на врвот, со месечни плати од скоро 74 илјади денари. Минималец е ист од март годинава. Изнесува 15.200 денари.