Тејлор Свифт воодушеви своја обожавателка
Една од најпознатите пеачки на денешницата Тејлор Свифт доби необична покана од една своја обожавателка.
Имено, Ешли Силверс ја поканила Тејлор на својата матурска вечер, но бидејќи пејачката била зафатена со снимање и не била во можност да оди на прославата, решила да најде начин како да се „извади“ за одбивањето на поканата.
Така таа во знак на извинување на девојката и пратила цвеќе и порака.
- Многу ми е жал што не можам да дојдам на твојата матурска прослава. Горда сум на тебе, на твојот труд и посветеноста, на твоето восхитување и амбициите. Ме радува што девојка како тебе мисли на мене, напишала пејачката во пораката.
Ешли била воодушевена од пораката и веднаш и одговори на Тејлор преку социјалните мрежи.
- Вистинскиот свет е забавна работа. Ти благодарам Тејлор Свифт на прекрасното цвеќе, прекрасната порака и осумте години неверојатни спомени. Те сакам, напишала Ешли, објавувајќи и фотографија на која позира со подарокот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите