Тејлор Свифт воодушеви своја обожавателка
Една од најпознатите пеачки на денешницата Тејлор Свифт доби необична покана од една своја обожавателка.
Имено, Ешли Силверс ја поканила Тејлор на својата матурска вечер, но бидејќи пејачката била зафатена со снимање и не била во можност да оди на прославата, решила да најде начин како да се „извади“ за одбивањето на поканата.
Така таа во знак на извинување на девојката и пратила цвеќе и порака.
- Многу ми е жал што не можам да дојдам на твојата матурска прослава. Горда сум на тебе, на твојот труд и посветеноста, на твоето восхитување и амбициите. Ме радува што девојка како тебе мисли на мене, напишала пејачката во пораката.
Ешли била воодушевена од пораката и веднаш и одговори на Тејлор преку социјалните мрежи.
- Вистинскиот свет е забавна работа. Ти благодарам Тејлор Свифт на прекрасното цвеќе, прекрасната порака и осумте години неверојатни спомени. Те сакам, напишала Ешли, објавувајќи и фотографија на која позира со подарокот.
Ново на Сител
-
Пожар кај езеро Треска, пожарникарите спречувани да го гасат пламенот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е што Заев мислеше дека тепач на жени како Фрчковски може да биде амбасадор во САД
-
Нов земјотрес во Грција од 5,1 степен
-
Сеизмолошка: Земјотресот во Грција е почуствуван на целата територија на земјава
-
Милошоски: Се очекува Владата да го повлече предлогот за Фрчкоски за амбасадор во САД
-
Нов земјотрес од 6 степени по Рихтер во Грција - почувствуван и во Македонија
-
Пронајдени лицата кои ограбија 72-годишна жена во Кичево
-
ЕУ блокира испорака на вакцини на АстраЗенека за Австралија