Македонија
17. November 2023 - 12:35

Тече вакцинацијата против сезонски грип

Над 1600 граѓани во штипскиот Центар за јавно здравје се вакцинирале против сезонски грип. Бесплатната вакцина важи за ризични грипи, за кои во Штип се обезбедени 2.800 вакцини и уште 100 се комерцијални вакцини. На дневно ниво се вакцинираат од 120 до 160 граѓани.

-Интересот на граѓаните е задоволителен, вакцината е наменета за возрасни лица над 65 години, за лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од шест месеци до пет години. Интересот е најголем кај повозрасната популација односно кај лицата над 65 години и лицата со хронично заболување“, изјави д-р Светлана Живкова, специјалист епидемиолог во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип.

Вакцинацијата против сезонскиот грип започна на 25-ти минатиот месец. Според информациите на Министерството за здравство, за бесплатната вакцина против сезонски грип  пријавени се 58.000 граѓани. Во центрите за јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизација и досега се вакцинирани над 29.000 граѓани. Зголемена е и количината на купени вакцини, односно на располагање се 60.000 дози четиритипни вакцини наменети за бесплатна вакцинација.