Тече испораката на набавен јаглен во РЕК Осломеј
Во РЕК Осломеј тече испораката на 130-те илјади тони јаглен наменети за производство на електрична енергија во комбинатот до април 2022г. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и членови на Управниот одбор извршија контрола на лице место врз процесот на достава на количините, кои се дистирибуираат до депонијата на ТЕЦ Осломеј, каде се носи и одредена количина од преостанатиот јаглен кој се ископува од речиси целосно исцрпените сопствени наоѓалишта.

Набавенот јаглен се носи од рудник во Берово и рудник од Косово и се испорачува со дневна динамика утврдена во договорот со економскиот оператор. Дополнително се побаруваат уште 180 илјади тони јаглен за РЕК Осломеј и и 810 илјади тони за РЕК Битола, за кои количини има отворен повик со важност за цела 2022г, стои во соопштението на ЕСМ.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
