Течат роковите на ДИК за организација на претседателските избори
Согласно Роковникот на Државната изборна комисија за претстојните претседателски избори, Министерството за информатичко општество и администрација до Комисијата најдоцна до утре треба да ги достави податоците за вработените во државната и општинска администрација, администрацијата на Град Скопје, како и јавната администрација, за формирање на општинските изборни комисии (ОИК).
ДИК е должна во рок од пет дена, или надоцна до 21 февруари да ги формира општинските изборни комисии, врз основа на податоците добиени од Министерството за информатичко општество и администрација.
Денеска, пак, истекува рокот во кој ДИК доставува барање до политичките партии од власта и опозицијата, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, да достават предлози за членови и нивни заменици заради формирање избирачки одбори за Дипломатско конзуларните претставништва.
До утре Министерството за надворешни работи, до Државната изборна комисија ги доставува податоците за дипломатите вработени во соодветно ДКП заради формирање на Избирачките одбори. Комисијата треба да ги формира одборите најдоцна до 21 февруари.
Ново на Сител
-
Утре повторно судење за смртно прегазената Теодора во Тетово во 2022 година
-
Макрон: Париз и Лондон работат на едномесечно примирје во Украина
-
Трамп: Помалку да се грижиме за Путин а повеќе за силувачите меѓу мигранти - да не завршиме како Европа
-
Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Анора"
-
Прв лет Амстердам - Скопје по 12 години
-
Почнува Велигденскиот пост
-
Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија
-
ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра