-->
-->
ТАЖНА ВЕСТ: Почина познат актер
-->
Американскиот актер Џин Вајлдер - ѕвезда на кино класиците како „Вили Вонка и фабриката за чоколадо", „Младиот Франкенштајн" и „Жена во црвено“, почина на 83-годишна возраст, пренесоа светските агенции.
Семејството на Вајлдер соопшти дека тој починал вчера, во својот дом во Стемфорд, во државата Конектикат, од компликации од Алцхајмеровата болест.
Вајлдер ја започна својата актерска кариера на театарската сцена во 1961 година, а во светот на филмот пробив направи со својата улога во комедијата „Продуценти“ во 1967 година.
Вајлдер, препознатлив во витканата коса, се прослави во филмовите на познатиот американски режисер Мел Брукс, во кои главно играше збунет лик, кој се нашол во неверојатна ситуација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можно е Германија да го стопира меѓународниот воздушен сообраќај поради Ковид-19
-
Силјановска Давкова: Можеби закон поддржан со 10.000 потписи на граѓаните ќе се најде на дневен ред во Собранието
-
Д-р Пановски: Јас прв ќе се вакцинирам со кинеската вакцина
-
61-годишна жена од Швајцарија фатена како користи кокаин во Кичево
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за вакцини а не го гласаше Законот за лекови
-
Јаневски нов тренер на кипарски Олимпијакос
-
Пристапот до антиковид вакцините, тема на разговорот на Димитров и Османи со Борел
-
РФМ и Брестовац ја прекинаа соработката