-->
-->
Тажна вест: Ненадејно почина познат македонски лекар
-->

Здружение на бубрежно болни граѓани НЕФРОН известува дека вчера ненадејно почина Прим.др.Љубинко Трпеноски.
Љубинко Трпеноски е роден 1952год. во Октиси, Струшко. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1981г. , во 1989 година специјализирал Интерна Медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.Бил на неколку стручни усовршувања во Љубљана-Словенија , Нирнберг, Улм и Штеглиц - Германија. Својот животен век го посветил на нефролошката дејност и пациентите на дијализа во Р.Македонија како лекар и раководител на центрите за дијализа во Заводот за нефрологија во Струга и Воената Болница во Скопје. Работел и како интернист во други здравствени установи. Член е на повеќе стручни здруженија на лекари и еден од основачите на Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН во 2003 година. Во Здружението Нефрон е член и претседател на Извршниот одбор и претседател на Собранието.

Како голем борец за правата на пациентите и на лекарите истовремено јавноста ќе го памети по неговите залагања за развој и унапредување на дијализното лекување и трансплантацијата на бубрези во Р.Македонија, особени за развој на кадаверичната трансплантација. Погребот ќе се изврши на ден 3.7.2017г. на Градските гробишта во Струга од 13ч. Телото ќе биде изложено во капела од 11 до 13ч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали
-
Сончево и топло до 28 степени
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра