-->
-->
Тажна исповед на мајката на младиот математичар: Лазар конечно доби работа од соништата, а сега ми се враќа дома во ковчег
-->
Лазар Војичиќ (24), математичар од Бор, трагично настрада во сообраќајна несреќа во Нов Белград додека се обидувал да помине улица на црвено. Настраданото дете било момче за пример кој пред неколку години дошол од Бор да студира на Математичкиот факултет во Белград. Неговото семејство занеме од тага и болка поради губитокот на нивниот наследник и нивната гордост. Мајката на Лазар, Драгана дошла вчера во Белград за да го превземе телото на својот син.
Младиот математичар и успешниот програмер загина во вторникот околу 23.30 часот. Како што пренесуваат медиумите, момчето се обидело да претрча на улица додека на семафорот за пешаците било црвено, и тогаш на него налетал автмобил „Шкода“ со кој управувал 20-годишник.
Несреќното момче од тешките повреди починало на лице место.
Мајката на Лазар вели дека нејзиниот син бил за пример и дете какво што секоја мајка би посакала.
- Мојот син беше прекрасно момче, дете какво секој ќе посака. Не пушеше, не пиеше. Диполомиран математичар кој на време го заврши факултетот. Сега при крај му беа магистерските студии, во солзи раскажува неутешната мајка на настраданото момче.
Како што вели таа, само седум дена пред трагедијата Лазар се вработил на неопределено време во една програмска фирма.
- Тој ги помина сите IQ тестови за таа фирма со седиште во Виена, која поготово е ценета во светот на програмерите. Работеше за нив во последните месеци на договор, го пратеа неговиот развој.Мојот син беше вреден и паметен, во солзи раскажува Драгана.
Несреќната мајка остана без син во една секунда. Како што вели, неговата смрт треба на сите да служи за пример и да испрати порака: „Не брзајте, животот е најважен“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
