Татковците 3 месеци на породилно отсуство по деветте месеци на мајките

Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин ја поддржа иницијатива на Хелсиншкиот комитет за измени на Законот за работни односи во насока на подобрување на позицијата на жената-работничка и постигнување на родова рамноправност.
На јавната расправа во Собранието, таа го искажа својот став за потребата од промена на начинот на користење на родителското отсуство во насока на вклучување и на другиот родител, односно таткото.
Сметам дека добар модел е платено родителско отсуство во траење од 12 месеци, од кои првите 3 месеци породилно отсуство да ги користи мајката, а од останатите 9 месеци, 3 месеци без право на пренесување, да ги користи родителот кој не го користи поголемиот дел од родителското отсуство, што најчесто е таткото. Во спротивно, би го изгубил правото на платено родителско отсуство за тие 3 месеци, рече Морачанин.
Според неа, ова ќе овозможи реализирање на правото и обврската на таткото во процесот на грижа и воспитување на детето и ќе влијае на намалување на дискриминацијата при вработување на жените.
Искуствата говорат дека при избор на работник, работодавачите преферираат да вработат маж, а не жена, токму поради потенцијалната бременост, користење породилно отсуство и боледување за нега на болно дете, од страна на жените. Со овој модел работодавачите ќе имаат предвид дека и работниците-мажи ќе користат родителско отсуство од работа, порача Морачанин.
Истакна дека се потребни законски измени со кои ќе се оневозможи престанок на договорот за вработување на определено време за работничките кои се бремени. Исто така, таа изрази поддршка за допрецизирање на законската регулатива со цел задолжителна исплата на регрес за годишен одмор на работничките кои во текот на календарската година користеле отсуство за бременост, раѓање и родителство.
извор: Вработување.ком.мк
Ново на Сител
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
-

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа
-

Му продал лажен златен накит за 800 евра - измамен скопјанец
-

Му ветил социјална помош и стан, го измамил за 4.200 евра
-

Три лица од Судан нападнале и ограбиле 27-годишник во Кисела Вода
