Фудбал
13. August 2015 - 13:59

Таткото верува во синот и го назначи за капитен

Легендарниот француски репрезентативец Зинедин Зидан го назначи за капитен на Б-тимот на Реал Мадрид својот син Енцо. 

Зидан кој е прв тренер на екипата изјави дека на ваков чекор се одлучил откако тројца искусни играчи го напуштиле тимот. 
Енцо минатата сезона играше во Третиот тим на Реал каде постигна 4 погодоци на 26 средби. 
По неколкуте настапи во младинските селекции на Шпанија одлучи сепак да настапува за Франција каде и што е роден, во градот Бордо.