Таткото на Вања останува во затвор - судот го одби барањето за куќен притвор

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, останува во притвор откако Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор.
„Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот
П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд.
Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.
Претходно овој месец, Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања. Адвокатот Туфегџиќ рече иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејството кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
