Македонија
13. March 2024 - 13:00

Таткото на Вања: На два света сум, ќе одлучам дали ќе ѝ се придружам на постарата ќерка

Во Врховниот суд на денешната јавна седница за жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничениот низ солзи му кажа на судот дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот. Ѓорчевски кажа дека е на два света, а дека сам ќе одлучи дали ќе остане со помладата ќерка или ќе и се придружи на Вања. 

„Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка“, рече Ѓорчевски.