Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
Владимир Кецмановиќ, татко на малолетникот кој на 3 мај 2023 година со пиштол усмрти девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, и рани уште пет ученици и наставничка, е осуден на 14,5 години, а неговата мајка, Миљана Кечмановиќ на три години затвор.
Инструкторот на стрелиште е осуден на 15 месеци затвор за давање лажно сведочење. Судскиот процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата е јавно објавена.
Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, претходно побара судот да изрече максимална затворска казна.
Тој во завршниот збор му предложи на судот Владимир Кецмановиќ да биде осуден на затворска казна од 14 години и 11 месеци за кривични дела – тешко дело против општата безбедност и запуштање и злоставување малолетно лице.
Тој предложи и единствена затворска казна од пет години и пет месеци за Миљана Кецмановиќ за сторени кривични дела – недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и запуштање и злоставување малолетно лице.
Предложена е максимална казна затвор од три години за инструкторот за стрелање Немања Маринковиќ за кривично дело давање лажен исказ.
Стефановиќ смета дека за брачниот пар Кецмановиќ нема олеснителни околности, туку само отежнувачки бидејќи не изразиле ниту каење ниту емпатија за жртвите.
Ново на Сител
-
Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
-
Образованието и науката во 2025 година со рекорден буџет од 38 милијарди денари, најави министерката Јаневска
-
Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес
-
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина
-
ДУИ со видео од Ахмети во УЧК униформа: Дајте ми го мечот, никогаш не сум изгубил војна
-
Дел од општина Бутел без вода
-
Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
-
Таравари: Немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија