Живот
21. July 2016 - 14:02

Татко во очај: Мојата втора сопруга ја фатив во кревет со мојот син

Љубовните односи често се полни со тумборлетни случувања, а многу од нив понекогаш делуваат и целосно нерални. Би рекле дека тоа е случај и во ова потрсено писмо кое најпознатиот британски таблоид The Sun го објави. 

Имено, тој својата жена ја пронашол во креветот со сопствениот син, а приказната која ја споделил со читателите на овој таблоид оди вака: 

- Имам 44 години. Мојот син има 19, а неговата сестра е две години помлада, Нивната мајка починала пред десет години. За нас тројца тоа беше многу тешко кога се разболе, но јас толку бев зафатен со моите деца и да заработувам пари за нив, немав време дури ни да ја исплачам мојата сопруга како што треба.Мојата ќерка одсекогаш се однесувала како ангел, но мојот син е друга приказна. Знаев дека смртта на неговата мајка многу го погоди, но не сфатив зошто мене ме обвинува за тоа. Кога децата му пораснаа, сфатив колку сум осамен па се фрлив во потрага за љубов. Имав неколку девојки во меѓувреме и мојата ќека беше добра кон сите, но не и мојот син. Кога и да го запознавав со нив, тој едвај се поздравуваше. Подоцна ќе ми кажеше дека девојката е грда и досадна. Се обидував да не му се лутам на него бидејќи знаев дека му недостасува неговата мајка, но тоа секогаш ме растажуваше. Тогаш ја запознав пријателката на еден свој пријател која беше преслатка и ме правеше среќен. Кога мојот син ја запозна, еднаш ми рече дека таа му се допаѓа. И на мојата ќерка и се допаѓаше, а јас бев пресреќен. Се заљубивме и се венчавме по шест месеци врска. Поради неа се чуствував добро, а најважно ми беше што ги сака моите деца. Тој викенд бев отсутен од дома поради работа, а керка ми беше излезена со пријателите. Мојот син и мојата жена останаа сами дома. Дојдов дома порано и тргнав во собата за да се пресоблечам. Влетав во собата го фатив својот син и мојата жена среде секс и тогаш ми се сруши целиот мој свет. И двајцата ги сакам не знам што да правам, се запрашува овој тако во својата шокантна приказна.