Татко ја продаде ќерката (1) преку интернет за 7.800 евра поради коцкарски долгови: На жената и рекол дека ја однел кај мајка си, но таа ја нашла оваа снимка во телефонот
Маж на југозападот на Кина е уапсен зошто ја продал својата ќерка на интернет за 7.800 евра за да ги исплати своите коцкарски долгови.
Мажот, кој е идентификуван по презимето Џианг, го продал детето на двојка откако западнал во долгови коцкајќи се преку интернет.
Невработениот маж ја однел својата едногодишна ќерка од дома и на сопругата и рекол дека девојчето ќе остане кај бабата.
Минатиот ноември, Џианг на својата сопруга и рекол дека ќе остане кај неговата мајка во градче кое е на околу 140 километри оддалечен од нивната куќа.
Мајката станала сомничава откако не се слушнала со ќерката речиси три месеци. Секој пат кога го прашувала мажот за тоа каде е нивното дете, и давал различни изговори за одлагање на нејзиното враќање.
Загрижената мајка во февруари го проверила телефонот на својот маж и открила снимка од разговорот меѓу него и купувачот на нивната ќерка. Истиот ден се слушнала со свекрвата, која и рекла дека детето е однесено пред неколку недели.
Мајката веднаш го пријавила инцидентот во полиција, а мажот побегнал. При истрагата, полицијата го пронашла во еден хотел кон крајот на февруари.
Тој признал дека должел голема сума и се одлучил за екстремни мерки откако видел на интернет пост за посвојување на деца.
Џианг ги лажел и купувачите, на двојката на која им го продал детето и рекол дека повеќе не може да го издржува детето зошто се развел од сопругата и двајцата родители му починале.
Девојчето е пронајдено и вратено на мајката.
Ново на Сител
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“