Македонија
4. August 2015 - 10:51

Татко и син тешко повредени во синоќешната сообраќајка кај „Макпетрол“

Татко и син се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера се случи, синоќа, на бензинската Макпетрол во Автокоманда.

24-годишниот А.П управувајќи со автомобил „Голф“ изгубил контрола по што влетал и се забил во бензинската.

Возачот и неговиот татко, 52-годишниот М.П кој бил сопатник, се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Ургентен центар.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.