Живот
27. November 2016 - 11:07

Taтко ѝ почина на трибините додека Даниела играше, судијата ја терал да го заврши мечот

Трагичен случај го прекина мечот од ВТА турнирот во Сантијаго, Чиле, помеѓу домашнта натпреварувачка Даниела Сегуел и Бразилката Паула Гонкалвеш.
 
Чилеанката, која е на 233 место на листата на најдобри тенисерки во светот, остана без својот татко, кој ненадејно починал на трибините додека го следел мечот на својата ќерка. Него наеднаш му се слошило и паднал без свест меѓу публиакта. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде била констатирана смрт.
 
Несреќниот случај се случил во моментот кога неговата ќерка била пред победа, со резултат 6:4, 2:1. Судијата пресудил мечот да биде продолжен, но тажната тенисерка не била во состојба да игра и му го предала мечот на својата противничка.