Балкан
9. јуни 2021 - 11:13

Татко го шутира и тепа синот на прославата за крајот на учебната година во Прокупље | ВИДЕО

За време на прославата за крајот на училишната година снимен татко како го тепа својот син во дворот на основно училиште во српско Прокупље. Настанот бил снимен од очевидци на настанот.

Имено, еден татко, пришол на група матуранти и својот син го извлекол од гужвата, после што го соборил на бетон и почнал крвнички да го шутира. Останатите деца шокирано гледале што се случува и никој од основците не смеел да реагира и да го спречи страшното насилство.

Како што пренесува Курир.рс, во прашање била прослава за крајот на учебната година, а еден изреволтиран татко одлучил да ја спречи прославата и да го тепа својот син токму пред полниот двор деца.

За среќа, инцидентот се случил додека наставниците и класните раководители биле во училиштето.

- Момчето кое е претепано не е матурант, туку ученик на 7 одделение, кој се приклучил на прославата. Во еден момент дојде неговиот татко и никој не се надеваше дека ќе се случи монструозно тепање. Не бев во училиште кога се случило тоа, но бев шоокиран кога го видов тепањето на снимката. Таткото го извелече детето и крвинички го тепаше. а цел инцидент го спречи една наша храбра наставничка - рекол директорот на училиштето и додал дека училиштето веднаш реагирало по инцидентот.

За целиот случај е известен и обвинителот и против таткото ќе биде покрената постапка.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.