Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на 25 декември и на Нова година ако не бидат повлечени огласите за вработување
Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НА, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава.
-Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и директорите на М-НАВ за која гарант беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, го реактивираме штрајкот на 25 декември од 10 часот до 15 часот, по што ќе се штрајкува и на 31 декември од 00.01 до 1 јануари во 23.59, потврди во изјава за МИА Тасевски.
Доколку не бидат повлечени објавените огласи најавува дека на 25 декември ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите.
Тој вели дека договореното за роковите за времетретрање на огласите за вработување не се почитува, а кадарот кој сакаат да го вработат, како што рече, не е од суштинските дејности и не е потребен. -Станува збор за деловни асистенти и советник за човечки ресурси, место што според наши сознанија е за еден од поранешните директори во М-НАВ, рече Тасевски.
Едниот оглас, појасни, е со траење од 10 дена, наместо 10 работни, а другиот три дена од кои два се сабота и недела.
Ново на Сител
-
ТОАРИЛУЦ прави чести и ненајавени контроли на воздухот во операционите сали
-
„Вреди“ не попушта – паралелна Aлбанска Академија на науки и уметности ќе има
-
Kредитите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат, кажа министерката за финансии
-
Македонија транзит земја за евтина работна сила
-
Во битка со институциите - патот до надоместок за туѓа нега
-
Имами од Тетово бараат повлекување на разрешувањето на муфтијата Ќани Несими
-
Прес-конференција на ВЛЕН
-
Охрид преполн со гости