Свет
4. September 2017 - 9:27

Тарнбул: Кина може да го сопре Ким Џонг-ун

Австралискиот премиер Малком Тарнбул истакна дека северонокрејскиот лидер Ким Џонг-ун е суров и злобен човек, констатирајќи дека Кина треба да вложи напори со цел да ја сопре неговата агресија. 

- Доколку Кина прекине да ја снабдува со нафта Северна Кореја, ќе изврши силен притисок врз режимот на Ким. Кина може да го направи тоа, изјави Тарнбул за телевизијата Еј-Би-Си. 

Тој додаде дека непрекинато добива информации за слични дејствија, кои може да ги преземат САД. 

- Кинезите се разочарани и изненадени од однесување на Северна Кореја, но Кина има најсилни средства за влијание, а со тоа и поголема одговорност. Токму сега Ким одлучи да ја предизвика Кина и тоа наложува посилен одоговор, потенцираше австралискиот премиер. 

Тарнбул посочи, дека Северна Кореја не е „марионета“ на Кина, но според него, Пекинг уште повеќе може да ги ограничи економските врски со Пјонгјанг, со цел да им изврши притисок за прекинување на нуклеарните проби. 

На прашањето дали мисли дека Ким е злобен човек, австралискиот премиер одговори дека „тој редовно убива членови на неговото семјество. Тоа е сурова и злобна диктатура. Тој го осудува неговиот народ на глад. Тоа е опасен, провокативен и незаконски режим, што ги загрозува мирот и безбедноста во светот и негова единствена цела е да ја зачува диктатурата на едно семејство во Северна Кореја“.