Македонија
1. јуни 2017 - 14:09

Тарчуловски: Сега ќе се види кои се вистински Вмровци

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, на неговиот Фејсбук профил напиша дека по промената на власта ќе стане јасно кој бил верен и лојален вмровец.

- „Во целава работа излезе и нешто добро? Сите оние тешки „професионалци“ – пушачи и лижачи, кои беа како метастаза од рак во поодминат стадиум, вгнездени на многу големи и важни позиции во ВМРО, извесен период раскажуваат во СДС како на сила биле држени на убави позиции. Доброто е тоа што ракот се префрли кај нив. Е сега, баш сега, кога се почнува опозиционерски да се дејствува, ќе дојдат до израз правите и секогаш верни и лојални вмровци, затоа што од ракот никој не ги приметуваше…“, порача Тарчуловски.