Таравари: Влегувањето на АА во Владата не е дефинитивно, но шансите за тоа се огромни
Не е дефинитивно влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата, но шансите за тоа се огромни. Околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не разговаравме, изјави денеска лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
За кадровските решенија, како што посочи, ќе разговараат во текот на следните неколку дена.
– Се надевам дека во текот на денот и од Владата ќе информираат за работите за кои сме договорени. Воопшто не разговаравме за кадровските решенија, но се надевам дека деновиве кои се пред нас ќе го отвориме и прашањето за кадровските решенија. Најмногу се задржавме на програмските определби на нашата партија и Владата и за работи кои треба да ги истераме заедно во периодот што останува до крајот на мандатот на оваа Влада. Станува збор за определбата на државата за евроинтеграции, закони за борбата против корупција, законот за влада и други закони, рече Таравари.
Тој додаде дека еден од ресорите за кои „имаат најдобри кадри“ е Министерството за здравство, но напомена, дека разговор оваа тема воопшто не бил започнат.
Ново на Сител
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите