Таравари: Условот на ВМРО-ДПМНЕ е во спротивност со преговарачката рамка
Условот на македонската опозиција за суспензивни уставни измени е неостварлив, бидејќи е во спротивност со преговарачката рамка на ЕУ, оцени денеска лидерот на политичката партија Алијанса за албанците (АА) Арбен Таравари.
Според него, измените на Уставот треба да стапат во сила најдоцна до моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција.
Конечниот став на АА, нагласи Таравари, ќе биде познат до крајот на неделата, кога ќе се состане партиското раководство. Тој смета дека размената меѓу двете најголеми македонски партии со понуди и контрапонуди за гласање на уставните промени, директно влијае и на интересот на Албанците.
- Алијансата за Албанците внимателно ја анализира новонастанатата состојба и до крајот на неделата ќе одржиме состанок на раководството на партијата по што ќе излеземе со усогласен став во партиските органи, рече Таравари на прес-конференција во седиштето на партискиот огранок во Гостивар, чиј повод, како што беше кажано, се средбата и разговорите што ги водат премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Таравари ја поздрави волјата на опозицијата да гласа за измените и оцени дека поставените услови се конфузни и надвор од реалност.
- Нашата преговарачка рамка одобрена од 27-те земји-членки на ЕУ експлицитно го условува отворањето на преговорите со усвојување на уставните измени. Значи, прво усвојување на уставните измени, а потоа отворање на преговорите, потенцира Таравари.
Во однос на условот на ВМРО-ДПМНЕ за излез на албански партии од владата, лидерот на Алијанса напомена дека на АА и се поважни интересот за завршување на европскиот процес и перспективата на граѓаните, а не изборните калкулации на некоја политчка партија.
- Алијансата за Албанците реши да влезе во Владата заради процесот, но ќе се адаптира во зависност од новите околности, дали во Владата или надвор од неа. За нас е важно само завршувањето на процесот и ќе дадеме свој придонес, без услови и без уцени, рече Таравари.
Гостиварскиот градоначалник и лидер на Алијанса за Албанците напомена дека една од главните цели во делувањето ќе биде нивното барање за отстранување на 20 проценти кои го негираат албанскиот идентитет и воведување на албанскиот јазик во Уставот, како и дека е дојден момент за таа промена.
Ново на Сител
-
Лосон: Договорот за стратешко партнерство ќе ги унапреди односите во сите сфери
-
Демолирано училиште во Битола со камења вандали искршиле прозорци и смарт табла - Единствена во градот
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Реформите се спроведуваат според планот, одржан прв состанок на Националниот консултативен механизам
-
Европската комисија предвидува раст на македонската економија за 3% во 2025 година
-
Уставен суд: Постапувањето на Судски, Собрание и Судовите е правен преседан
-
Нема предлог за нов гувернер - Давкова ќе размислува уште неколку дена
-
Изградба на нова пруга и реконструкција на постоечката долж Коридорот 10 за постигнување на планираната брзина