Македонија
2. December 2022 - 16:32

Таравари тврди дека влезот во Влада е шпекулација, ако добие покана ќе ја разгледа

Нема преговори и нема договори за влез на Алијанса на Албанците во владиниот кабинет на Ковачевски, но ако има понуда за тоа се до избори треба да се размисли за нејзе, вели в.д. лидерот на партија Арбен Таравари. Потоа, на редовните избори, планира Алијанса да биде главниот албански партнер во владата.

Таравари веќе неколку пати по средбата со Ковачевски која се одржа пред речиси еден месец тврди дека шпекулација е влезот на Алијанса во Владата, но и исто толку пати ја подотвара вратата на зградата на Илинденска велејќи дека е спремен за соработка.

Во јавноста веќе и излегоа информации дека доколку се постигне договор за Алијанса би биле резервирани три министерства.

Премиерот Ковачевски пак, вели дека нова средба со Таравари од онаа што излезе во јавноста немал.

Од ВМРО-ДПМНЕ за понудерната рака на Таравари кон Ковачевски велат дека е само желба за власт. Тие не би соработувале со ни еден кабинeт на Ковачевски доколку се отвори можност за некаква преодна влада до избори.

Решение според опиозицискта шартија се предвремени избори.