Таравари: Работиме на децентрализација на Онкологија, да функционира како Институтот за трансфузиологија
Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека започнале со децентрализација на Клиниката за онкологија и целта е да функционира како Институтот за трансфузиологија, прашан што се сменило во интерес на пациентите, по една година откако изби скандалот во врска со Онкологија.
-Ние започнаваме со децентрализација на Онкологија. Се работи во болницата „8 Септември“. Одреден кадар веќе се обучува тука на Онкологија и целта ни е да направиме мрежа што ќе биде контролирана од Клиниката за онкологија. Значи „8 Септември“, веќе се надевам за месец ипол ќе почне и таму да се дават терапии, тоа ќе го промовираме. Во Тетово веќе се дава, во Битола се дава, во Штип се дава онколошка терапија. Полека - полека да започнеме со децентрализација, меѓутоа повторно да има некаква контрола од Клиниката за онкологија. Практично да функционра како Институтот за трансфузиологија. Центарот е во Скопје, меѓутоа има филијали секаде, појасни министерот.
Тој рече дека сѐ уште не го добил последниот ревизарски извештај за Онкологија.
Директорот Игор Стојковски кажа дека тие го добиле и заедно со тимот имале предвидено акционен план. Ќе се постапувало по препораките во ревизорскиот извештај.
Прашан околу дозволата за вработување, затоа што имало ургентни вработувања, директорот рече дека административната процедура е почната. Ја опиша како доста комплексен процес и оти сѐ зависело од МЗ, МИОА и МФ.
На новинарско прашање каков кадар ќе се вработува, тој нагласи дека ќе биде од сите профили.
-Значи имаме медицински сестри, лекари, медицински технолози, административен кадар, околу 50 е бројката, одговори Стојковски.
Ново на Сител
-
Инцидент во Собранието помеѓу Апасиев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ | ВИДЕО
-
35 годишник со мотор прегазил малолетно девојче, па удрил во автомобил во Тафталиџе
-
Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје
-
Утре студен бран со дожд, снег и ветер
-
Малолетен ученик физички повредил соученик во велешкото ООУ„Блаже Конески“
-
ДКСК: Законите важат подеднакво за сите
-
Косово во ЦАС ќе се жали на одлуката на УЕФА за службениот пораз од Романија
-
Пулишиќ би можел да се врати во Премиер лигата