Таравари: Општина Гостивар во Ласкарци ќе гради улица во знак на благодарност
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари најави дека во знак на благодарност до жителите на Ласкарци се прави обид неговата општина да им помогне во изградба на улица. Тој го најави потегот од патарината на автопатот Тетово-Гостивар каде ги пречека учесниците на Mеморијалниот марш во спомен загинатите во сообраќајна несреќа кај Ласкарци. Рекреативците изутрината тргнаа пеш од Ласкарци кон Гостивар, а одморија на отрилика половина од патот кај тетовската патарина.
-Иницијативата со месната заедница ја договоривме како благодарност до селото за нивната помош која ја укажаа кога се случи несреќата. Одлуката беше заедничка, да се изгради уличка со бекатон. Бидејќи нема жиро сметка на име на селото и месната заедница, предвидените 5.000 евра се уште се на буџет на Општина Гостивар. Се надеваме да најдеме невладина организација од Ласкарци за да се префрлат средствата и да се релаизира идејата, рече Таравари.
Исто така во иднина ќе се прави обид секоја година овој марш да биде традиционален и да им се оддаде спомен на загинатите.
-Кога групата добронамерни граѓани ја предложи идејата за Меморијален марш со срце и душа реков ќе го поддржиме. Јас не можев да пешачам, но ми се допаѓа идејата да ја одржиме како традиција, рече Таравари.
-Целта е да се поддигне свеста кај граѓаните, да бидеме попретпазливи во иднина додека возат, а до надлежните праќаме порака да преземаат мерки за побезбеден сообраќај, изјави Замир Мустафаи, учесник во маршот.
Учесниците продолжија со маршот, а попладнево ќе го завршат во Гостивар.
Ново на Сител
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“