Македонија
3. August 2017 - 13:17

Таравари најави нови назначувања на директори на ЈЗУ

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека ќе бидат назначени шест до осум нови директори на неколку клиники и болници, а ќе има и други назначувања.

Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Министерството за труд и социјална политика посочи дека размислуваат за одредени директори кои ќе останат на директорските места.

- Уште не можам точно да кажам. Меѓутоа веќе размислуваме за одредени директори кои ќе останат. Можеби ќе бидат во периферијата, можеби во Клиничкиот центар. Се уште правиме консултации, додаде Таравари.