Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција

На вонредното собрание на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари беше разрешен шефот на Собранието на партијата, Арбен Фетаи.
Состанокот на Собранието, како што рече Таравари, го иницирале 2/3 од членовите, а доаѓа неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата.
За нов претседател на Собранието на АА е избран Назим Таипи.
-Исклучивме и некои членови на претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. Членовите на претседателството кои беа исклучени се вкупно осум од 46 членови на Централното претседателство, така што тоа продолжува со мнозинството членови, а собранието со апсолутно мнозинство во Централното собрание. За Мимоза Муса не беше донесена одлуката, бидејќи не беше добро дефинирана пораката, дали останува со Алијансата за Албанците или останува со „Влен“, немаме јасна порака, рече Таравари.
Оцени дека партијата сега била почиста, бидејќи според него, оние што ја напуштиле не мислеле на народот. Таравари во моментов работи само со тројца пратеници, откако и пратеничката Мимоза Муса најави дека ќе остане дел од коалицијата „Влен“ во Владата.
-По заминувањето на оние кои беа заинтересирани само за власт, Алијансата за Албанците ќе расте силно и ќе стане водечка политичка сила во иднина, изјави Таравари.
Тој најави дека на Собранието била потврдена одлуката партијата да ја напушти Владата и да оди сама на локалните избори во октомври. Тој најави дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со „Влен“.
-Во Битола, во Кичево, во Брвеница, во Чашка, во Преспа, во Бутел ќе соработуваме и со ДУИ и со „Влен“, бидејќи само така можеме да им помогнеме на Албанците и тоа е од албански интерес, во другите општини ќе видиме….Немаме дефинитивна одлука. Не исклучуваме соработка со која било опозициска политичка партија, освен со Левица. Да сте сигурни дека со Левица нема да соработуваме, рече Таравари.
Ново на Сител
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
