Живот
7. January 2016 - 12:08

Тарантино остави отпечатоци од дланки и стапала во Холивуд

Американскиот режисер, оскаровец Квентин Тарантино остави отпечатоци од прсти и стапала во бетонот пред легендарното кинески театар во Холивуд.

Тарантино (52), кој го промовира својот нов филм „Тhe Hateful Eight“, номиниран за Златен глобус во три категории, рече дека е почестен со оваа прилика.

- Сакав отпечатоците на своите дланки и стапала да ги оставам пред Кинескиот театар многу пред да ја започнам кариерата, изјави Тарантино.

- Ова е нешто што го посакував цел живот, додаде тој.

Тарантино беше во друштво на австрискиот актер Кристоф Волц, кој е награден за Оскар за улогите во неговите филмови „Проклетници“ (2010) и „Одмаздата на Џанго“ (2013).

- Квентин збунува, изненадува, а најмногу од се тој не забавува, рече Волц.

Пред само две седмици, Тарантино доби своја ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните.