Тарантино го најави својот 10-ти и, најверотно, последен филм
Американскиот режисер Квентин Тарантино, 2-3 дена по својот 60-ти роденден, објави дека има намера наесен да го снима својот 10-ти филм, којшто би бил и последен во неговата кариера.
- Го завршив сценариото за мојот последен филм. Претпоставувам, веројатно ќе го снимам наесен, изјави ексцентричниот режисер интервјуиран во Париз, отфрлајќи ги сите гласини што се шират за овој филм. - Дејството на филмот под работен наслов „Филмски критичар“ е сместено 1977 година, додаде тој.
Но, според Тарантино, тоа не е посветено на некој новинар или конкретен филмски критичар и не е „биографски филм за Полина Каел“, култниот лик од „Њујорк“, која почина во 2001 година.
Тарантино повеќе од еднаш најави крај на кариерата откако сними девет филма, сметајќи ги двата дела на „Убиј го Бил“ како едно остварување. Но, се чини, сега повторно ги подгреа очекувањата на обожавателите - за нов филм.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат