Тарандилис: Идеално ќе биде сертификатот за вакцинација да се спроведе во рамките на Европската унија
Ќе разгледаме и други можности за спроведување на сертификатот за вакцинација за да го заштитиме туристичкиот сектор во Грција, рече портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа дали Владата има цел да разговара и со земјите од регионот што не се во ЕУ за олеснување на патувањата во Грција преку сертификатот за вакцинација.
Тарандилис истакна дека нив ќе им биде драго доколку конкретната идеја за сертификатот за вакцинација, освен од здравствени причини, во иднина се воведе и за други примени.
-Идеално ќе биде да се спроведе во рамките на Европската унија, но бидејќи сакаме да го заштитиме туристичкиот сектор, што го сметаме за многу важен за нашата земја, ќе разгледаме и други можности, рече портпаролот на грчката Влада.
На денешниот редовен брифинг со новинарите и странските дописници, говорејќи за ситуацијата со пандемијата во земјата, Тарандилис истакна дека Грција и понатаму е во подобра состојба во споредба со другите европски земји.
Додека пак во однос на процесот на вакцинација рече дека ритамот целосно зависи од тоа колку ќе се почитуваат временските рокови за доставување на дозите, истакна дека механизмот за вакцинација во Грција е подготвен, „а тоа се гледа и од податоците“ и додаде дека поставената цел за јануари беше постигната.
-Во моментов, имаме над 17.000 вакцинации дневно, а веќе се вакцинирани околу 270.000 наши сограѓани, надминувајќи ја целта од 200.000 планирана за јануари. Покрај тоа, доследно ја следиме правилната стратегија за обезбедување на втората доза, за сите наши сограѓани кои веќе ја примиле првата, рече Тарандилис.
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата