-->
-->
Танзанија: Се преврте траект на езеро, 44 лица загинаа
-->
Најмалку 44 лица загинаа, кога на езерото Викторија во Танзанија се преврти траект, а официјалните лица стравуваат дека конечниот биланс на жртвите би можел да достигне повеќе од 200.
Претставникот на областа Мванза, Џон Монгела, изјави дека 37 лица се спасени.
Монгела рече дека не може да шпекулира што се однесува на бројот на лица кои биле на траектот, истакнувајќи дека сето внимание е насочено кон акцијата за спасување.
Таквите траекти често се преоптоварени со неколку стотинци патници.
Операцијата за спасување беше прекината во текот на ноќата, а денеска ќе продолжи.
Според првите проценки, траектот „Нерере“ превезувал повеќе од 300 патници.
Во истото езеро, во1996 година во несреќа на траект загинаа над 500 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа
-
Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка
-
Џафери ќе информира за работата на техничката Влада
-
Путин повторно го предложи Михаил Мишустин за премиер
-
Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа
-
Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија
-
Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме Хамас
-
Состојба на патиштата