Танцовата претстава „Патот“ на сцената на Велешкиот театар во рамки на „Танц фест 2017“

Танцовата претстава „Патот“ на Скопје танцов театар на Антон Рудаков вечер премиерно ќе биде изведена на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во рамки на програмата на „Танц фест 2017“, кој годинава се одржува под мотото „Биди свој“.
Рудаков минатата година беше победник на Танцлаб натпреварот и ја освои наградата „Златна пеперутка“.
Воедно на сцената во Велешкиот театар вечер ќе настапат и петмината финалисти на годинашниот Танцлаб-Интернационален натпревар за млади кореографи, а кој ги следи тричлено меѓународно жири на фестивалот.
На првата вечер од овој натпревар на сцената на Велешкиот театар која почна синоќа настапија девет натпреварувачки танцови групи и млади кореографи од Италија, Унгарија, Полска, Македонија, Германија, Словенија, Шпанија, Данска и Русија.
Директорот на „Танц фест“, Рисима Рисимкин изјави дека по третпат се одржува Танцлаб натпреварот за млади кореографи или лабараторијата на фестивалот.
- Идејата се роди со цел да ги афирмираме младите танчери и кореографи и да создадеме место каде ќе доаѓаат млади од цела Европа да се дружат преку танцот и да разменуваат танцови искуства, потенцира Рисимкин.
„Танц фест 2017“ во Велес со програмата ќе продолжи на 24 април со премиера на танцовата претстава „Кожа“ на Скопје танцов театар.
- Свеченото затворање на „Танц фест 2017“ годинава ќе биде во Велес на 25 април со танцовата претстава „Колевка“ од Кина/ЦЕЕЦ/Егзодос фестивал, а која е копродукција и во која ќе настапат 14 танчери од Кина и пет европски фестивали, појасни Рисима Рисимкин.
Додаде дека „Танц фест“ во овие 13 години многу придонел за ширење и се’ поголема популаризација на модерниот танц меѓу публиката од сите возрасти во земјава.
Ново на Сител
-

Израел врати 15 палестински тела, подготвувајќи ја следната фаза од мировниот план
-

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
-

Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност
-

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите на граничните премини
-

Бислимоски: Нема да дозволам да биде извалкано моето име, постапките за одземање лиценци се идентични за сите субјекти во енергетиката
-

Сиљановска‑Давкова очекува решение за проблемот со превозниците бидејќи засегнати се национални, регионални и за европски интереси
-

Реферирање за борбената готовност на Армијата пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили
-

Сиљановска‑Давкова: Нашата Армија е компатибилна и почитувана дома и надвор
