Танцовата компанија „АРА“ од Летонија гостува на „Танц фест“
Современата танцова компанија „АРА“ од Летонија вечер на малата сцена на Македонската опера и балет ќе гостува на „Танц-фест“ со претставата „Поетска танцова трагедија 1&2“ во кореографија на Олга Житлухина.
Шестмина танчари на овој перформанс ја прикажуваат долгогодишната љубов помеѓу двајца летонски поети Аспазија и Раинис, познати на класичната поезија и драма. Оваа година се одбележуваат 150 години од нивното раѓање.
- Инспирацијата за ова дело потекнува од љубовните писма кои овие поети си ги пишувале еден на друг. Комуникацијата траела 35 години (1894-1929) и се состои од вкупно 2.499 писма на летонски, руски и на германски јазик. Писмата се дел од светското наследство на УНЕСКО. Претставата „1&2“ покренува прашања за избувливата природа на љубовта, нејзината способност истовремено да спои двајца луѓе, кај кои ќе создаде длабока осаменост, соопшти „Танц фест“.
Олга Житлухина е меѓу најпознатите кореографи во Летонија, која негува современ и експериментален танцов израз. Таа е основач на компанијата „АРА“ и е професор за современ танц и шеф на Катедрата за современа танцова кореографија при Летонската академија за култура во Рига.
Нејзините дела се изведуваат во Летонија и на сцените низ Европа. Во 2001 година го основала фестивалот „Време за игра“ како платформа за интернационални танцови проекти, на кој се прикажуваат современи танцови компании од Летонија и од светот.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани