Живот
16. December 2016 - 10:35

Тамара Тодевска видно потресена го сподели ова на Фејсбук

Сириската армија деновиве жестоко се бори со бунтовниците и остатоците од радикалните исламистички групи од сите квартови во Алепо.

Борбите меѓу владините сили и бунтовничките групи во најголемиот град во Сирија со над 2,2 милиона жители пред војната и дотогашна финансиска престолнина на земјата започнаа во 2012 година и оттогаш има огромен број на жртви, а целиот град е урнатини.

before-after-war-photos-aleppo-syria-fb1__700

Фотографиите и видеата кои деновиве ги преплавија медиумите и социјалните мрежи ја потресоа и пејачката Тамара Тодевска. Таа се огласи преку социјалните мрежи.

alepo-51-604x272

„Како да ви објаснам, не ми е добро од се што гледам и ве молам најискрено да не ги постирате, ако е можно некако, тие видеа и слики на мртви деца и бомби и луѓе како врескаат. Језиво е и болно. Срце ми се кине, имам некоја болка и грутка во душава. Не сакам да знам како им е на тие деца преплашени, каде ќе ви оди душата. Имате ли бре душа воопшто!?!?!?! Гинат луѓе. Децаааааа!!! ДЕЦА!!!… Дете, мало, невино, беспомошно. Ни криво ни должно. Сега пркнало, а веќе мора да умре?!“

screenshot_1