Тамара Тодевска со песната „Proud“ вечер ќе настапи на Евровизија
Пејачката Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) вечер ќе настапи во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.
Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа ќе настапи под реден број 17, а придружни вокали ќе ѝ бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.
На првата полуфинална вечер на Евросонг, што се одржа завчера настапија изведувачи од 17 земји од кои 10 од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија, обезбедија настап во финалето, што ќе се одржи в сабота, 18 мај.
Прва настапи претставничката на Кипар, Тамта со песната „Replay“. Првата вечер традиционално ја отвори пејачката Нета Барзилиа, која со песната „Тоу“ минатата година победи на Евросонг во Лисабон.
И во втората полуфинална вечер десет земји ќе обезбедат пласман во финалето. На Евросонг учествуваат 41 земја, а покрај домаќинот Израел, пет земји (Франција, Италија, Германија, Шпанија и Обединетото Кралство) имаат директен пласман во финалето
Ново на Сител
-
Природни катастрофи кои ја одбележаа 2024 година
-
Тема на денот со Татјана Димитровска, претседател на ДКСК
-
Фирмите за унгарскиот кредит ќе аплицираат од јануари
-
Таравари го оцени македонското здравство со “осмица”
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет