Џет-Сет
8. May 2017 - 15:00

Тамара била клинички мртва, странски лекари се обидуваат да и го спасат животот на старлетата

Драмата на Тамара Ѓуриќ продолжува. На ВМА пристигнаа експерти од Бразил и Америка кои ја прегледаа и велат дека нова операција е многу голем ризик за поранешната учесничка на „Фарма„. 

Странските експерти исто така истакнуваат дека лекарите од ВМА и ги спасиле животот на Тамара.

Нејзината здравствена состојба драстично се влоши откако на една приватна клиника и беше вграден аква - филер во задникот. Ѓуриќ во последен момент дојде на ВМА.

-Кога експертите од Бразил и Америка ги виделе нејзините резултати при приемот на ВМА, и рекоа: „Па таа била клинички мртва“. Тие напоменуваат дека докторите на ВМА и го спасиле животот и ако тој ден не дошла во болница сигурно не би преживеала, раскажува извор близок до Тамара и додава дека нова операција не доаѓа во предвид.

Foto: Printskrin/Instagram
 
-Тамара сега не смее повторно да се оперира, и странските експерти сметаат дека ризикот е премногу голем, а и не знаат дали таа би го преживеала тој зафат. Во наредните две недели странските лекари повторно ќе ја проценат нејзината здравствена состојба, но на Тамара и рекоа и да го промени начинот на живот, и и препорачале планина и прошетка. Секако таа сега мора да продолжи со антибиотиците, како и со масажи кои ќе и ги прават луѓето од ВМА, вели изворот кој тврди дека тоа тешко и паднало на Тамара.
 
-Хирург од приватната клиника и вбризгал два материјали кои никако не смеат да се мешаат и тоа направило хаос во нејзиниот организам. Експертите и рекоа дека имала голема среќа што тоа не се одразило на нејзиниот физички изглед, туку само на организмот одвнатре. Исто така и објасниле дека моментално најдобро место за нејзино заздрадување е ВМА, зошто тука има врвни лекари, но Тамара е надвор од себе и размислува за тоа да побара отпусна листа зошто повеќе не може да лежи тука, заклучува соговорникот.