Талибанците заробиле руски пилот, Москва презема мерки да го ослободи
Руските амбасади во Исламабад и Кабул одржуваат тесни врски со пакистанските и авганистанските власти за ослободувањето на руски државјанин, кој е заробен од борци на талибанското движење, се наведува во коментарот, што денеска беше лиферуван од руското Министерство за надворешни работи, пренесе ТАСС.
„Во авганистанската провинција Логар вчера принудно слетал пакистански хеликоптер „Ми-17“, што патувал за Русија на ремонт“, напоменува министерството.
„Членовите на екипажот се заробени од борци на талибанското движење. меѓу нив е и рускиот пилот Севастјанов, роден во 1956 година“, се наведува во коментарот на руското МНР.
„Информацијата се проверува“, посочува министерството.
Амбасадите на Русија во Авганистан и Пакистан одржуваат тесни контакти со локалните власти и се преземеаат сите можни мерки за ослободување на рускиот државјанин, уверуваат московските дипломати.
Портпаролот на гувернерот на Логар, Сами Салех, вчера изјави дека хеликоптерот не бил соборен, туку се приземјил заради технички проблем, и дека сите други заробени лица од леталото биле Пакистанци.
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје