Свет
25. November 2015 - 9:49

Талибанците погодија молдавски транспортен хеликоптер во Авганистан

Молдавски хеликоптер, со 21 патник и членови на екипажот, принудно слетал во Авганистан, откако бил погоден од талибански борци, информира ТАСС, повикувајќи се на молдавискиот телевизиски канал „Публика“.

Според првичните податоци, талибанците ги заробиле тројцата членови на екипажот и 18-те патници.

Инцидентот се случил во провинцијата Фариаб.

Според првичните информации,  хеликоптерот „Ми-8“ и  припаѓал на молдавската транспортна компанија „Валан интернешенел карго чартер“.