-->
-->
Талибанците го зазедоа седиштето на локалната власт во авганистанската провинција Фарах
-->
Талибанците го зазедоа седиштето на локалната власт во провинцијата Фарах, западен Авганистан, при што убија или повредија најмалку 15 припадници на безбедносните сили.
- Талибанците од различни правци ги нападнаа канцелариите на полицијата и на локалната администрација во округот Анардара. Се уште не се знае точната бројка на загинати, бидејќи борбата се уште не е завршена, соопшти локалната власт.
Седиштето на округот Анардара сега е под контрола на бунтовниците. Талибанците непосредно пред нападот презедоа одговорност.
Неодамна бунтовниците ги интензивираа нападите врз авганистанските безбедносни сили во провинцијата Фарах.
Во текот на викендот при напади на талибанците убиени се седум војници и осум полицајци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок