Свет
15. September 2018 - 10:36

Талибанци соборија хеликоптер на авганистанската армија, пет лица загинаа

Талибански бунтовници доцна синоќа соборија воен хеликоптер во западната авганистанска провинција Фарах, во реонот што е под контрола на Талибанците.

Загинати се двајца пилоти и тројца снајперисти, припадници на авганистанската армија.