-->
-->
Талентиран Бугарин во дресот на „штрковите“
-->
Еден од најталентирани европски кошаркари во својата генерација, 19-годишниот Бугарин Јордан Минчев е нов член на МЗТ Скопје Аеродром. Минчев во редовите на екипата од „Јане Сандански“ доаѓа на едногодишен заем од таборот на европскиот шампион Фенербахче.
Станува збор за кошаркар кој игра на позициите бек-шутер и ниско крило и кој лани потпиша шестгодишен договор со тимот од Истанбул како една од идните ѕвезди на турскиот гигант.
Своето професионално деби го имаше во софиски Левски во сезоната 2014/15 и зад себе има пет настапи во АБА-лигата, 27 средби во првенството на Бугарија и 14 натпревари во Балканската лига (БИБЛ). Во февруари годинава беше позајмен на српскиот тим Вршац. Минчев е и актуелен бугарски репрезентативец.
Ангажманот на Минчев е плод на добрата соработка на МЗТ Скопје Аеродром со челните луѓе на Фенербахче, која би требало и да се засили во периодот кој претстои.
Тој е веќе во Скопје, ќе биде дел од експедицијата која утре ќе замине за Белград на задутрешниот меч против ФМП, но дебито во сино-белиот дрес ќе го има следниот понеделник во мечот од 3. коло од АБА-лигата на домашен терен против Задар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Џејмс ја оствари јубилејната 1.000 победа во НБА
-
Консеисао не планира да поднесе оставка по поразот од Лацио
-
Манчестер јунајтед сака да го купи договорот на Осимен
-
Барселона се врати на врвот со убедлив триумф над Реал Сосиедад
-
Уапсен 25 годишник од Албанија, украл пари и телефон во верски објект
-
Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со сркшеници
-
Утре повторно судење за смртно прегазената Теодора во Тетово во 2022 година
-
Макрон: Париз и Лондон работат на едномесечно примирје во Украина