Такси возилата во Сараево излепени со портрети на Роберт де Ниро како потсетник на неговиот филм „Таксист"
Сараево, 12 август 2016 (МИА) - Таксистите во Сараево денеска ги излепија автомобилите со портрети на Роберт де Ниро, кој пристигна денеска за учество во Сараевскиот филмски фестивал, пишува српскиот весник „Блиц".
На овој начин тие ја изразуваат почитта и му посакуваа добредојде на актерот, кој пред точно 40 години ја одигра култната улога во „Таксист".
Во моментов во Сараево кружат околу 100 такви такси возила, а до крајот на денот се очекува нивниот број да се зголеми, велат од здружението „Сараево Такси".
Роберт де Ниро денеска пристигна во Сараево за да ја добие специјалната награда „Почесно срце на Сараево“ за животно дело.
Вечерва со паралелни проекции на филмот "Таксист" од 1976 година во Народниот театар на Сараево и Летното кино ќе биде отворен Дваесет и вториот Сараевски филмски фестивал.
Ново на Сител
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај месноста Стамерски Преод, Делчевско, сообраќајот во прекин
-
Под истрага десет полициски службеници, за седум се бара притвор, тројца веќе се обезбедени со претходна постапка
-
Предлог притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице за барање поткуп од 100.000 евра
-
ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија
-
Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари
-
Трамп најави дека утре ќе присуствува на трговските преговори со Јапонија
-
Процесот за заздравување може да потрае и до две години за дваесеттина од повредените во Кочани
-
Одземена лиценцата на девет угостителски објекти