Македонија
12. February 2018 - 17:39

Тајванец на пат околу светот го посети Куманово

Триесет и осумгдодишниот Чан Чунг Јонг познат како Џеки Чен, на патот околу светот го посети и Куманово. Од вчера престојува во просториите на територијалната противпожарна единица и својот пат кој го започнал со велосипед во 2015. Година планира да го заврши во 2020.

Вели дека тоа е неговото англиско име, а го добил на предавањата по англиски јазик уште додека бил студент. Магистар е по физика, а работел како електроинжинер. Оставил се што имал и со својот велосипед започнал да патува, но не од Тајван, туку од Аљаска.

Своето животно патување го започнал од Аљаска и ги посетил сите земји во Америка, Аљаска, Канада, САД, Мексико, Куба, но и Централна и Јужна Америка. Од Мексико со фериброд пристигнал во Шпанија, посетил низ европски земји и дошол на Балканот и вчера е во Куманово. Откако ќе заврши со земјите од Европа, планира да оди во Африка и Азија, а на крај до својот роден Тајван.

- Ова е авантура и се надевам дека можам да го споделам целиот убав свет со моите пријатели. Користам веб сајт и сурфам да видам каде можам да останам со локалните луѓе, кога бев во Аљаска останав кај еден пријател и ми рече дека не може да оди околу светот како мене, но јас можам и целиот свет е мој дом. Мислам дека ова е еден начин да го споделам светот со моите пријатели, изјави Чан Чунг Јонг.

Тајванскиот Џеки Чен од вчера е гостин на кумановските пожарникари кои му излегле во пресрет, му овозможиле да преспие на топло, а со него делат и корка леб. Благодарен е и додава дека е пресреќен што на студеното време наишол на нивната гостопримливост.

Но не секогаш на патот низ светот било убаво. Досега посетил триесетина земји, но во Мексико се задржал повеќе од два месеци, не поради убавините на земјата, туку затоа што бил ограбен.

- Имав многу посебно искуство Мексико, некои од моите работи беа украдени и потоа мојот пријател не можеше да го дозволи тоа и им рече на сите негови другари, аок некој ги види моите работи да ме повика и потоа беше низ сите градови за да ги врати сите мои градови, па така таму многу станав познат и сите го знаат Џеки Чен, вели тој.

Триесет и осумгодишниот електроинжинер својот пат се надева да го заврши во 2020. година, по цели пет години минати на велосипед, а понекогаш и отворено небо.