Тајсон: Ја користев урината на сопругата и децата да ги поминам допинг тестовите
Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон раскажа како успеа да ги измами службените лица при допинг контролите. Тој призна дека ја користел урината на своите најблиски за да ги помине тестовите.
– Прво ја користев урината на мојата сопруга. Еднаш таа ми рече: „Кога резултатите ќе станат познати, тие ќе покажат дека си бремен. Тогаш решив дека е подобро да се користи урината на моите деца. Како го избегнав набљудувањето на лицата одговорни за допингот? Сè е едноставно. Повеќето мажи се чувствуваат непријатно кога им го покажувате пенисот. Затоа, кога одев на тестирање, тие најчесто се одвраќаа, изјави Тајсон.
53 годишниот Тајсон своевремено беше најмлад (на само 20 години) шампион во тешка категорија. Кариерата ја заврши неславно со затворска тригодишна казна поради силување.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости