Тајните на мозокот: 10 факти за најинтересниот орган на човечкото тело
Дали сте сигурни дека знаете како функционира човековиот мозок? Погледнете кои се најчести заблуди за овој витален орган.
Во морето научни истражувања мистеријата за човековиот мозок и нивните не секогаш вешти интерпретации, настанаа многу интересни тези за тоа како мозокот навистина функционира.
Сепак, сите не се вистинити.
1. Дали навистина користиме 10 отсто од својот мозок?
Научниците, сепак тврдат дека луѓето го употребуваат секој дел од мозокот. Ако ги ставиме сите докази за тоа на страна и интуитивно наведеме дека 90 отсто од мозокот воопшто не го користиме, тогаш оштетувањата на тие делови кои се 90 отсто, не би оставало никакви последици по човекот.
Во стварноста пак оштетување на било кој дел од мозокот, дури и многу мал дел, може да има многу сериозни последици по човекот.
2. Т.н. блиц сеќавања се детални и трајни?
Сите имаме живописни сеќавања за одредени ситуации, а тие често се врзуваат за драматични настани. Паметиме каде сме се наоѓале во моментот кога тоа се случило, што сме правеле и со кого сме биле.
Тестирањето на ваквите сеќавања покажаа дека ретко се случува да ги заборавиме и дека често се поживописни од другите сеќавања. Сепак, сите сеќавања со времето бледеат, па така ги забораваме деталите.
3. Дали по 40 години се тргнува надолу?
Вистина, когнитивните вештини слабеат со годините. На пример, децата побрзо и полесно учат јазици од возрасните, концентрацијата им е поголема, подобро памнат...
Меѓутоа, многу ментални вештини стануваат подобри со годините, фондот на зборовите, социјалната и емотивната интелигенција.
4. Дали имаме само пет сетила?
Да, секако имаме пет основни сетила, но покрај нив постојат уште некои кои ни помагаат да го гледаме светот во кој се наоѓаме и своето место во него. Прагот на толеранција за болка, чувство за рамнотежа, чувство за време или температурата на телото, сите овие спаѓаат во категорија на сетила.
Сепак, во споредба со некои видови од животинскиот свет, луѓето заостануваат. На пример, лилјаците и делфините користат сонари, некои птици ултравиолетовото светло...
Што човековиот мозок го прави единствен?
5. Мозокот е налик на компјутер
Често зборуваме за брзината на мозокот, неговиот капацитет и меморијата...
Во метафоричка смисла мозокот и компјутерот можат да се споредат. Споредувањето на мозокот и технолошкиот изум е присутно многу пред настанокот на првиот компјутер.
6. Дали мозокот е мрежа?
Мозокот во некоја смисла е поврзан според принцип на мрежа, но начинот на кој оваа мрежа функционира е подложна на промени. Најдобар пример се луѓе на кои им е оштетено некое сетило.
7. Дали удар во глава може да предизвика амнезија?
Постојат два вида на амнезија, антроградна и ретроградна. Првата се однесува на тоа дека не можеме да формираме нови сеќавања, а втората дека не можеме да се сетиме на нешто од минатото.
Сепак, потребна е многу сериозна повреда на главата за да се јави амнезија како последица.
8. Знаеме ли што не прави среќни?
Ова тврдење е многу лажливо, сметаат научниците. На пример, очекуваме нашиот краен резултат на нешто да не направи среќни, но често кога тоа долго се одложува и на крај не се чувствуваме среќно како што сме се надевале.
Тестирајте го умот: Како да го измамите својот мозок
9. Дали светот го гледаме таков каков што е?
Не сосема. Луѓето не се пасивни набљудувачи на информациите и надразбите кои доаѓаат од надворешната средина, туку се што доаѓа од надвор се пропушта низ призма на сетилата.
Она што го гледаме секогаш е производ на запазување, очекувања, толкување и искуства.
10. Дали мозокот на мажот и жената се разликува?
Во текот на историјата, имало многу обиди да се утврди разликата меѓу машкиот и женскиот мозок. Анатомите ја анализирале структурата на двата и извлечени се интересни заклучоци.
Денес се верува дека мажите имаат повеќе специфицирани мозочни хемисфери, додека со женскиот мозок во поголем дел управуваат емоциите.
Меѓутоа, кога се работи за потенцијалите на мозокот, тие се еднакви без оглед на полот.
Нешанл џиографик - Вашингтон
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај