Свет
14. November 2015 - 12:20

Тајланд ќе го „влече’’ развојот на Камбоџа, Лаос, Мјанмар и Виетнам

Тајланд, како водечка економија во регионот, нема да дозволи заостанување во развојот на економиите на соседните држави Лаос, Камбоџа, Мјанмар и Виетнам. Ова сношти во Бангкок го изјави сегашниот премиер, водачот на воениот удар од мај минатата година, Прајут Кан-ока на состанок со дипломатските претставници од Тајланд.

Прајут изјави дека ќе нема нови административни и политички пречки за оддржување на избори во Тајланд, а дека и до тогаш, без оглед на постоечките државни граници сијамското кралство ќе им помага на соседите. Тој најави дека неговата земја подготвува специјална програма за подигање на стандардот за посиромашните жители од регионот и значајни вложувања во сообраќајната инфраструктура што ќе ги доближи државите и народите од тоа подрачје.

Аналитичарите оценуваат дека ваквите најави на Прајут Кан-ока се дел од тајландската стратегија за улогата на таа држава по прогласувањето на Економската заедница на АСЕАН, што треба да профункционира од идната година. Во оваа Еономска заедница меѓудржавните односи на десетте членки на АСЕАН треба да бидат речиси идентични со правилата на Европската Унија.