Тајфунот во Кина усмрти 28 лица, 20 исчезнати

Смртниот биланс од силниот тајфун Лакима, која ја погоди источна Кина се искачи на 28 лица, додека 20 се сметаат за исчезнати.
Обилните дождови, исто така, предизвикаа лизгање на земјиштето, а повеќе од милион луѓе се евакуирани. Тајфунот Лекима, кој ја погоди источната провинција Џејијанг, со налети на ветрот до 187 километри на час, предизвика нарушувања во сообраќајот бидејќи илјадници летови и железничките поаѓања беа откажани.
Како резултат на тајфунот, уништени се 173.000 хектари посеви и 34.000 домаќинства во Џејијанг, соопштија локалните власти.
Се проценува дека тајфунот предизвикал штета од две милијарди долари, информира Синхуа. Лекима, деветти тајфун во Кина оваа година, се движи кон север и се очекува дека ќе го погоди брегот во Шандонг.
Ново на Сител
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
